ТУРНО СКИ – КУП ПЕЛИСТЕР 2024

ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ЗАВРШЕНО

ПРОГРАМА ЛЕТОК

Датум:
Недела, 14 април 2024 година
Локација:
Пелистер, Ловечка куќа
Организатори:
ФПСМ и ПСК Пелистер – Битола

ПРОГРАМА:
8:00 собирање на учесниците кај Инфоцентарот
8:15 организиран транспорт до Ловечка куќа
9:15 подигање на стартните броеви
10:00– СТАРТ на натпреварите во сите категории
14:00 – Прогласување на победниците по категории
10:00 – 15:00 леден бар на Ловечка
15:00-15:45 транспорт до Инфоцентарот

Право на учество:
Платена чланарина на ФПСМ за 2024.год.

Пријавување:
Најдоцна до 11.04.2024 година преку на следниот ЛИНК
Пријавувањето е бесплатно

ТРАСА:
Почеток Ловечка куќа 1900 mнв
Вкупно искчување околу 900 mнв
Натпреварувачите мора да ја следат означената патека и да ги следат упатствата на контролите, во спротивно ќе бидат казнети со зголемување на времето или дисквалификација.

Трасата е означена на следниов начин:
Зелени знаменца – качување со скии
Жолти знаменца – Качување пешки со скиите на ранец
Црвени знаменца – Скијање
Натпреварот се одржува според правилата на меѓународната федерација ISMF

ПРАВИЛА НА НАТПРЕВАРОТ:

КАТЕГОРИИ
Јуниори – 2004 година и помлади (пократок курс)
Сениори 2003 – 1968
Ветерани 1968 и постари

Сите натпреварувачи започнуваат во исто време.
Бодување ќе има доколку има најмалку 5 натпреварувачи од категорија.
Победник е оној кој најбрзо ќе ја заврши планираната и означената патека

Натпреварувачите мора да ја користат следната опрема за време на натпреварот:

  • турно скии (должина: мажи мин. 160 см, жени мин. 150 см),
  • сплит борд
  • турно чевли,
  • скијачки или планинарски стапчиња,
  • кожи за качување,
  • ранец,
  • заштитна кацига (UIAA или CE),
  • прибор за прва помош,
  • лавинска сонда,
  • лавинска лопата,
  • лавински примопредавател,
  • соодветна облека во зависност од временските услови.

Во текот на целиот натпревар натпреварувачот мора да го носи стартниот број на левата надколеница
На патеката ќе има контролни точки

Дисквалификации и пенали се доделуваат во следниве случаи:

  • за секое парче опрема што недостасува на контролната точка или целната линија (3 минути)
  • прифаќање помош од придружниците (опрема, храна …) за време на натпреварот (5 мин до дисквалификација)
  • фрлање опрема или отпад (5 минути до дисквалификација),
  • непочитување на знаци и насоки (5 минути до дисквалификација), неспортско однесување (3 минути до дисквалификација)
  • непријавување на контролното место(дисквалификација)
  • непочитување на безбедносни мерки на контролни точки (дисквалификација)

Организаторот на натпреварувањето го задржува правото да ги промени правилата, доколку тоа е неопходно за да се овозможи поголема безбедност на натпреварувачите.
Кога натпреварувачот ќе се пријави, тој ја презема целата одговорност за себе за какви било несреќи што може да се случат пред, за време и по натпреварот. Организаторот не е одговорен за ова.
Во случај на неповолен снежни или временски услови, организаторот го задржува правото да ја промени рутата или локацијата на натпреварот, да го откаже натпреварот или да го одложи за друг термин.

 

Share This:

Scroll to Top