UIAA ИНФОРМАЦИИ
- Проекти за заштита на планините
- ПЛАНИНАРИ И КАЧУВАЧИ НА КАРПИ ОД ЦЕЛ СВЕТ СЕ ОБЕДИНИЈА ВО СКОПЈЕ
- UIAA – Проблеми со очи во тек на експедициите
- UIAA совеtи: Десет работи што треба да се имаат предвид кога купувате опрема за качување
- UIAA Планински вештини – што го ослабува јажето
- UIAA Алпинистички вештини – како да се обезбеди мртво јаже
- ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА ВОДА НА ПЛАНИНИТЕ
- ПРЕДНОСТИ И НЕДОСТАТОЦИ ОД КОРИСТЕЊЕ НА СТАПЧИЊА ЗА ПЕШАЧЕЊЕ ВО ПЛАНИНИТЕ
- Деца на планина
- Златни правила за ПЛАНИНАРИ почетници UIAA
- Ефектот на ектстремните температури врз лековите – UIAA
- UIAA
- PROFILING THE MOUNTAINEERING FEDERATION OF NORTH MACEDONIA
- ACCESS RESTRICTIONS IN THE GALICICA NATIONAL PARK
Меѓународната асоцијација за планинарење и качување карпи (International Climbing and Mountaineering Federation, или на француски, Union Internationale des Associations d'Alpinisme, UIAA) е формирана во август 1932г. во Шамони, Франција. Моментално УИАА застапува 90 асоцијации од 67 држави на шест континенти во кои членуваат повеќе од 3 милиони луѓе, а Федерацијата за планинарство на Северна Македонија (ФПСМ) е член на УИАА од 1999 г.
УИАА го промовира планинарството и качувањето карпи ширум светот преку:
- зачувување на духот и традициите;
- унапредување на безбедноста и етиката во планинарењето;
- промовирање на одговорен пристап, култура и заштита на околината;
- поддршка на учеството на младите и на олимпиското движење.
УИАА има своја структура (април 2022). Извршен Одбор од 7 луѓе, со Претседател, Петер Мјуир од канада, Потпретседателка Зољаргал Банзрагч од Монголија, и членови од Белгија, Индија, Аргентина, Иран и Франција. Управувачки Комитет во кого се членовите на Извршниот Одбор, претставници на петте најголеми членки, по еден претставник од секој континент и претставници избрани на Генералното Собрание на УИАА. Работата на УИАА се изведува преку активностите на комисиите за: антидопинг, искачување по мраз, планинска медицина, заштита на планините, Комисија за планинарење, за безбедност и за млади, како и работните групи за пристап до планините, за правни аспекти и за обуки.
Безбедноста е основниот столб на УИАА. УИАА ознаката за безбедност на опремата за планинарење или качување е потврда за највисок светски стандард за безбедност. А, ознаката, воспоставена во 1960 година, ја има на повеќе од 2.000 артикли на опрема за качување и планинарење што ја продаваат повеќе од 70 производители низ целиот свет, вклучувајќи ги: Camp, Black Diamond, Mammut, Ortovox, Petzl, Rock Empire, Simond, Salewa, Trango, Stubai и многу други.
Обуката е една од главните услуги што ги нуди УИАА. УИАА ознаката за безбедност при обука е меѓународно призната акредитација и шема за сертификација што ги проверува и врши процена на програмите за обучување и оценување на организациите членки на УИАА. УИАА штотуку ја промовираше интернет платформата за обуки преку која ќе се изведуваат дел од обуките и ќе се доделуваат сертификати за завршена обука.
Што може да се најде на интернет страната на УИАА? www.theuiaa.org
Многу информации за планинската медицина, за обуките за водичи на планина, за опрема која е повлечена од употреба, за натпревари во искачување на мраз, за проекти за заштита на планините, за Sky Running, за младински активности на планина, за одговорен пристап до планините и качувачките локации, и за анти допинг. УИАА промовира иницијативи за Заштита на планините и доделува награди за проекти за заштита на планините, организира онлајн семинари – Вебинари за работниците на планините, за жените на планина кога беа промовирани видео записите за качувачки и планинарки од Македонија, Балканот и светот снимени на иницијатива на нашата Илина Арсова.
Со залагање од доброволци на ФПСМ, дел од тие интересни теми се преведени и на македонски јазик.
- Совети за жени кои искачуваат големи надморски височини.
- Деца на планина.
- Дезинфекција на вода на планините.
И многу интересни написи за планинска медицина на теми:
- Проблеми со очи во тек на експедициите.
- Ефектот на екстремните температури врз лековите.
- Златни правила за планинари почетници.
- УИАА совети: десет работи што треба да се имаат предвид кога купувате опрема за качување.
- Предности и недостатоци од користењето на стапчињата за планинарење.