Почитувани,
Врз основа на член 37, 37-а и 37–б од Законот за спорт („Службен весник на Република Македонија“ бр. 29/02, 66/04, 81/08, 18/11, 51/11, 64/12, 148/13, 187/13, 42/14, 138/14, 177/14, 72/15, 153/15, 6/16, 55/16, 61/16, 106/16 и 190/16, и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/19 и 244/19), член (5) и (6) од Уредбата за условите критериумите и начинот на доделување на категоријата спортист – спортска надеж („Службен весник на РМ“ бр. 127/08 и 107/12) и Правилник за критериумите и водење на постапката за доделување и определување на годишниот број на категоризирани спортисти во категоријата спортска надеж со број 08-1107/1 од 10.05.2022 година, Агенцијата за млади и спорт Ви доставува БАРАЊЕ да ја доставите потребната документација, и тоа:
· Тековна состојба на националната спортска федерација;
· Извештај за спортско техничките резултати (се потполнува СН Образец за следење на спортско-техничките резултати на младите спортисти во Септември 2021 – Јуни 2022 година)
· Предлог ранг листа (образец П1, П2 и П3);
· Изјава од спортистот за обработка на лични податоци, согласно со Законот за заштита на личните податоци;
· Копија од лична карта, пасош или државјанство (доколку се доставува пасош, од истиот да се достави копија од двете страни);
· Копија од трансакциска сметка;
· Критериуми врз кои е извршено рангирањето ( правилник или друг акт);
· Одлука за рангирање.
Документацијата да се достави во архивата на Агенцијата за млади и спорт и на меил zlate_boki@hotmail.com и mariolazareski51@gmail.com
Покрај целoкупната документација, Образецот Апликација-Ранг листа да биде доставен електронски (на емаил) и во pdf форма но и во едитабилна Excel верзија заради полесна обработка на податоците.
Сите податоци и потребна документација, треба да бидат доставени најкасно до 01.08.2022 година.
Повеќе информации во Канцеларијата на ФПСМ