Зачленување во ФПСМ

Зачленување во ФПСМ

Основните планинарски организации (спортските клубови), во почетокот на секоја година, а најкасно до почетокот на месец април во тековната година, на сметката на ФПСМ уплатуваат паричен надоместок на име годишна членарина, во износ кој се определува со одлука на Претседателството на ФПСМ.

При регистрација на НОВ спортски клуб во ФПСМ, се наплатува одреден финансиски надомест, на име администраторски трошоци за регистрација.

Годишната членарина за тековната година

Со оваа уплата, основните планинарски организации се стекнуваат со право да подигнуваат маркички...

Основните планинарски организации, при издавањето на членските маркички за тековната година, задолжително ги осигуруваат своите членови од можен ризик во спортот.

ФПСМ издава членски книшки. Цената на членската книшка ја утврдува Претседателството на ФПСМ со одлука.

Жиро сметка

ФЕДЕРАЦИЈА ЗА ПЛАНИНАРСТВО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

300 000 000 754 114
Комерцијална банка - АД Скопје

Преземи пристапница

Предности со зачленувањето

ЕЛЕКТРОНСКИ РЕГИСТАР НА ЧЛЕНОВИ

Електронскиот регистар на членови е во фаза на тестирање. Целта на овој регистар е зачленување на планинарите преку оваа платформа со цел да се има комплетна евиденција за сите членови - физички лица и клубовите членки на федерацијата.

На тој начин ќе бидеме во можност во секое време да имаме евиденција на членство, по различни категории како што се:

  • вкупен број на членови во ФПСМ,
  • број на регистрирани клубови,
  • број на членови по клубови,
  • старосна структура на членовите,
  • стручни лица во фпсм (водичи, маркацисти, инструктори)
  • натпреварувачи и сл. 

 

Share This:

Scroll to Top