Loading Events

« All Events

осмо традиционално зимско искачување на врвот Клепа

February 9 @ 08:00 - 17:00

СПЕД „Клепа Росоман “ – Росоман заедно со ЕГ „Грин Пауер„ КПС „АЗОТ„ од Велес и општините Росоман и Градско на (09-ти февруари(недела) го организираат осмото традиционално зимско искачување на врвот Клепа(1150 мнв).
Во акцијата како покровители се приклучуват и градоначалниците на општините Градско и Росоман низ чија територија поминува патеката, а како помагатели секоја година се приклучува логистичкиот дел на Армијата на Република Македонија и поголем број реномирани домашни винарии.
За сите учесници ќе биде обезбеден бесплатен грав, греено вино, домашна алва и гурабии во конаците на реновираниот манастир Св. Архангел во близина на село Горно Чичево.
Секој учесник ЗАДОЛЖИТЕЛНО да понесе со себе прибор за јадење – чинија, лажица, вилушка.
ИСТОРИЈАТ : Клепа е средновисока планина во средишниот дел на Македонија, на десниот брег на реката Вардар, јужно од градот Велес во средното Повардарие. Има меридијански правец на протегање, север-југ.
Поради стратешката местоположба, врвот Клепа долго време бил центар на воени бази и на фронтовската линија, така што на неговиот врв се наоѓаат остатоци од бункери, засолништа и археолошки наоѓалишта.
ЦЕЛТА на акцијата е пред се меморијална, за да се оддаде почит на прерано загинатите планинари Калина и Александар кои прерано не напуштија на врвот Кајмакчалан,
– да се промовира малку качуваниот врв Клепа,
– и да се манифестира заедничка соработка помеѓу планинарските клубови и друштва со Општините Росоман и Градско.
ДЕТАЛИ ЗА ПАТЕКАТА :
СТАРТ на турата и почетна точка на тргнување :
7.00 часот од центар на село Сирково (270мнв) , Општина Росоман.
ТРГНУВАЊЕ ОД ВЕЛЕС: Недела(9-ти февруари) во 6.15 часот од центар на автобуската постојка пред Хотел Интернационал.
Патеката започнува со одење по срт со благо искачување се до вештачкото Подлешко езеро (660 мнв) од каде продолжува одењето по срт до врвот Клепа.
НАПОМЕНА : Првиот дел од патеката(од Сирково до Подлес) е полесен и можат да го изодат сите со добра почетна кондиција. Вториот дел(од с. Подлес до врв) е со поголем наклон и понапорен, а третиот дел од патеката(спуштањето кон манастирот Св.Архангел) е доста физички понапорен бидејќи се спушта по делумно карпест и лизгав терен.
По пат од с.Сирково до врвот Клепа има 3 чешми со вода.
За оние кои не ќе можат да продолжат до врв, ќе биде обезбеден превоз од с. Подлес до манастир Св. Архангел.
Завршна точка: манастир Св. Архангел(410мнв) (помеѓу Г. и Д. Чичево)
КРАЈ на турата : Mанастир Св. Архангел.
ЦЕНА : 250 ДЕНАРИ. Во цената е вклучен превоз од Велес до Сирково, и од манастир Св.Архангел Михаил до Велес.
ТЕХНИЧКИ ДЕТAЛИ :
Должина на патеката: 19,3 км
Вкупно времетраење: 7 -7.5 часа пешачење во група.
-Тежина на акцијата: СРЕДНА во зависност од временските услови. Потребна е одлична физичка кондиција.
-Висинска разлика : 880 метри.
– Вкупна денивелација : 1055 метри
– Максимален позитивен наклон ( при искачување) : 10 степени
– Максимален негативен наклон ( при симнување) : 16 степени
– Просечна брзина на движење во група : 2.6 км/час
– Очекувано пристигнување на челото на групата во манастир Св Архангел околу 14.30 ч.
– ГПС координати на врвот Клепа :
Latitude 41°34′12.8″N,
Longitude, 21° 48′ 52″E)
– ГПС координати на манастир Св. Архангел :
Latitude 41°33′46.2″N
Longitude, 21° 51′ 56.5″E
ВАЖНО: ПАТЕКАТА НЕ Е КРУЖНА. Започнува од с.Сирково( Општина Росоман), а завршува во манастир Св.Архангел Михаил( Општина Градско). Ова е информација за оние кои доаѓаат со сопствен превоз.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО носење на 2 литри вода, повеќеслоеста облека, водоотпорна јакна( кабаница), разгазени зимски чевли, планинарски стапчиња, гамашни, шал, капа, ракавици, топли напитоци, челна ламба, два пара чорапи, наочари за сонце .
ИНФОРМАЦИИ И ПРИЈАВУВАЊЕ за Росоман, Кавадарци, Неготино и околината: на тел: 075 950 394 (Веле), 078 311 140 (Оливер)
За Велес : ИНФОРМАЦИИ и ПРИЈАВУВАЊЕ на тел: 078/276 148( Даниела), 070 989 743( Виктор) 075 361 877 (Игор), и 076 495 445(Горан од КПС Азот)
За Штип : Информации и пријавување на тел: 078 484 360 ( Билјана)
НАПОМЕНА : Секој оди на сопствена одговорност. Организаторот го задржува правото да ја скрати, промени, одложи или откаже турата, доколку проценките на теренот или временската ситуација го наложат тоа.
ВАЖНО : Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
– Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
– Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената планинарска акција.
– Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
– Забрането е консумирање на алкохол и психотропни супстанции за време на траење на акцијата
– Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.
– Императивно, вашето ѓубре да го носите со себе во ранец до првиот контејнер.
КПВ Клепа СПЕД Клепа Росоман Веле Коцев

Ул.Гоце Делчев бр. 1 Росоман

Тел. 078 311 140

spedkleparos@gmail.com

   

Details

Date:
February 9
Time:
08:00 - 17:00

Organizer

СПЕД Клепа Росоман
Phone
078 311 140

Venue

Сирково, 1421 Росоман, Северна Македонија
North Macedonia + Google Map
Scroll to Top