ЕУМА ИНФОРМАЦИИ
- Состанок на работната група ДОМОВИ, во рамките на Еразмус + и ЕУМА November 14, 2022
- EUMA – European Union of Mountaineering Associations April 12, 2022
ЕУМА (European Union of Mountaineering Associations - EUMA) е гласот на европските планинари и се стреми да го вклучи планинарењето во приоритетите на Европската Унија како важен фактор за поквалитетен живот и да биде партнер во дијалогот со институциите на Европската Унија на тема планинарење.
Во ЕУМА (https://www.european-mountaineers.eu/) членуваат 27 асоцијации од 25 европски земји: Албанија, Австрија, Словенија, Велика Британија, Белгија, Хрватска, Чехиа, Франција, Германија, Грција, Италија, Лихтенштајн, Луксембург, Северна Македонија, Малта, Кипар, Црна Гора, Србија, Норвешка, Полска, Романија, Холандија, Словачка, Шпанија, Босна и Херцеговина.
Во овие асоцијации се зачленети 2.889.598 планинари, кои се движат по планински патеки во должина од 160.000 км, можат да престојуваат во 2878 планинарски објекти и можат да качуваат карпи на 4.335 локации.
Раководството на ЕУМА го сочинуваат (април 2022) Roland Stierle (German Alpine Club), Претседател, Jan Bloudek (Czech Mountaineering Federation), заменик Претседател и тројца потпретседатели: Ingrid Hayek (Austrian Alpine Club), Juan Jesús Ibáñez Martín (Spanish Mountain Sports and Climbing Federation) и Bojan Rotovnik (Планинарски сојуз на Словенија)
Федерацијата за планинарство на Северна Македонија (ФПСМ), е една од членките основачи на ЕУМА.
ФПСМ учествува во проектот „EUMA - подобрување на доброто владеење во качувањето карпи и планинарењето во Европа“, поддржан од програмата на Европската Унија, Erasmus+ која поддржува образование, обуки, млади и спорт во Европа. Проектот трае 3 години (од 2020 до 2022) и во него учествуваат пет национални планинарски сојузи, 2 европски планинарски асоцијации и еден Универзитет:
- Чешкиот планинарски сојуз (CUNI)
- Германскиот планинарски сојуз (DAV)
- Австрискиот планинарски сојуз (ÖAV)
- Федерацијата за планинарство на Северна Македонија (ФПСМ)
- Планинарскиот Сојуз на Словенија (PZS)
- Европска Унија на планинарски асоцијации (EUMA)
- Европската пешачка асоцијација (ERA)
- Карловиот Универзитет од Прага, Чешка Република.
Главна цел на проектот е одредување и имплементирање на принципи на добро владеење при пешачењето, планинарењето и качувањето карпи на ниво на ЕУ. Работата е организирана во три работни групи: за патеки, за планинарски домови и за качувачки локалитети, кои се идентификувани како основна инфраструктура за качување карпи и планинарење во Европа. За трите теми се идентификувани проблемите, добрите и лоши искуства, како и предлог решенија, а Карловиот Универзитет направи анализа на регулативите и на институциите на ЕУ поврзани со планинарењето и качувањето карпи. Во наредната фаза на проектот ќе биде изработена стратегија, база на податоци за потребите на ЕУМА и за јавна употреба, ќе се одржат обуки за претставници на асоцијациите на ЕУМА за имплементација на стратегијата и ќе биде изработена интернет страна со податоци за патеки, домови и качувачки локалитети.
Креирањето врски меѓу ЕУМА и соработниците на проектот со Европската Унија е дел од ширењето на активностите во проектот. Проектните активности главно се фокусирани на мрежата на ЕУМА и со разгранување на активностите, националните сојузи се вклучуваат во меѓусебната комуникација, во образование на своите членови и во создавање структура за носење одлуки, со што можат да изградат своја локална структура, да споделуваат информации и да ангажираат и други заинтересирани субјекти. Резултатите од проектот ќе бидат имплементирани не само во 27 членки на ЕУМА, туку и пошироко, во другите земји на европскиот континент.