ПОВИК: ЗИМСКА ОБУКА ЗА ПЛАНИНАРСКИ ВОДИЧИ

ПОВИК ДО ПЛАНИНАРСКИТЕ ДРУШТВА
ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ЗИМСКА ОБУКА ЗА ПЛАНИНАРСКИ ВОДИЧИ ПРИ ФПСМ 2016 – КАТЕГОРИЈА Б

Федерацијата за планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) ги повикува сите планинарски друштва да пријават кандидати за обуката за планинарски водичи која ќе се одржи во текот на март 2016 година (04 – 06.03.2016 и 18 – 20.03.2016). Зависно од условите, можна е промена на датумите на одржување на обуката.
На обуката се поканети сите регистрирани планинарски водичи при ФПСМ (Категорија А).
Со успешно завршување на обуката кандидатите ќе се здобијат со назив ПЛАНИНАРСКИ ВОДИЧ ПРИ ФПСМ – Категорија Б. Категоријата Б опфаќа водење по лесни означени и лесни неозначени патеки по снег, по зимско маркирани патеки и на организирани и осигурени зимски походи, водење по напорни и многу напорни означени патеки во снег и по лесно и напорно беспатје во снег со употреба на опрема за самоосигурување, цепини, дерези, планинарски стапчиња и дрезги, употреба на опрема за осигурување на учесниците по кратки отсеци во зимско беспатје и посебно ориентациско знаење.

Обуката се состои од 4 дела:
1. Теоретско – практична обука (04 – 06.03.2016 и 18 – 20.03.2016).
2. Испитна акција (последниот ден од обуката)
3. Изработка на семинарска задача (до 21 април 2016).
4. Приправнички стаж (2 години).

На обуката ќе бидат обработени следните теми: движење и техника на водење, лична и техничка опрема, опасности и спасување во планина, ориентација, изградба на бивак, Прва помош и многу пракса.
Опрема која секој кандидат за планинарски водич треба да ја има во текот на обуката:
Лична опрема: ранец, облека и обувки соодветни на времето, комплет за лична хигиена, комплет Прва помош, челна лампа, заштитни очила, мапа од регионот, компас, моливи и пенкала.
Лична техничка опрема: 5 карабинери со матица, 3 помошни јажиња, 2 гуртни, динамичко јаже за искачување (дебелина 9,1 – 11 мм., должина 60 м.), дерези, цепин, шлем, планинарски стапчиња, и по можност лавински примопредавател и сонда и лопата и дрезги (снегохотки).
Опрема за бивакување: вреќа за спиење, бивак вреќа, подлога (Армафлекс), Астрофолија, свеќа.
До 5 февруари 2016 година (петок) планинарските друштва во ФПСМ треба да достават листа со кандидати подредени по приоритет за присуство на обуката. Заедно со листата, планинарските друштва треба да ги достават и пополнетите документи за секој кандидат (Пријава, Преглед на планинарски активности во последните 5 години). Врз основа на доставените документи, Комисијата за планинарски водичи при ФПСМ ќе покани кандидати на зимската обука.

За повеќе детали околу обуката контактирајте ги:
Горан Николоски: 070/200-506, goran.nikoloski@telekom.mk , goran.nikoloski@t.mk
Горан Тинтоски: 02/316 55 40, contact@fpsm.org.mk
Скопје, 15.01.2015

Watch Full Movie Streaming Online and Download

Share This:

Scroll to Top