Loading Events

« All Events

Белојшки Водопад

March 23

Беловишки Водопади (на месниот дијалект: Белојшки Водопади) – Три водопади на Беловишка Река извираат од утробата на Пирибег, претпоследниот врв на долгата Шар Планина во нејзиниот западен дел. Пенливите води ги формираат трите водопади — Горна Скала, Долна Скала и Петочко Водиче. Третиот и најнискиот водопад месното население го нарекува уште и Враживир. Водите стрмоглаво се спуштаат по речиси непроодниот кањон до тетовското село Беловиште. Оваа ретка природна убавина може да се види на простор од два километра, во вкупна должина од 150 метри.

Овие дивини во кои погледот кон небото завршува во испреплетените гранки на огромните дрва, стрмнината по која двата километра до најдалечниот водопад се совладуваат дури со три часа напорен од, љубоморно ги криеле жителите на Беловиште, но и на соседните Вратница, Рогачево, Старо Село и Одри. Планинарите се први кои пред 15 години почнаа да ја освојуваат оваа област и веќе обележаа патека, поставувајќи белези по дрвата од десната страна на Беловишка Река.

Мештаните велат дека целиот тој простор, до врвовите на Шара е богат со дивеч – мечки, лисици, волци, дивокози, срни, но и со вистински ендемски растенија, на кои намерникот наидува напролет, кога природата почнува да се буди. Во сите периоди од годината, студената Беловишка Река е обилна со вода, но во исто време и чиста за пиење, иако ни тврдеа дека најголема е во период кога се топат снеговите на Пирибег и околината. Тогаш и трите водопади, чија должина досега никој не ја измерил, се најдолги и најубави, а кршењето на водата прави вистински спектар на бои. Тие три водопади упатените тврдат дека се втори по должина на Балканот.

Organizer

ПК Јелак
Phone
071/ 208 487
Email
pk.jelak@gmail.com
View Organizer Website

Venue

Белоиште
535P+G9C, Belovishte
Belovishte / Беловиште, North Macedonia
+ Google Map
Scroll to Top