Експедиција АНАПУРНА 1, Здравко Дејановиќ

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, официјално Ве информира дека Здравко Дејановиќ на ден 24.03.2015 година во 14.45 часот (по локално време) се искачи на Анапурна 1 (со висина од 8.091 метар).

Анапурна 1, е еден од најсмртоносните и најопасни врвови за искачување, кој со бројка од само 192 искачувања до денес ( без денешното искачување) тоа го потврдува.
Оваа експедиција е поддржана и делумно финансирана од Агенцијата за млади и спорт.
Но сезоната за искачување на хималајските врвови над осум илјада метри започна на најлош можен начин. Двајца планинари (Pemba Sherpa (Nepal) ; Samuli Mansikka (Finska)), од истата група во која се наоѓал и Здравко Дејановиќ, после успешното искачување на Анапуран 1, при спуштање трагично го губат својот живот.
Суровоста на природата и агонијата на ова искачување, а особено слегувањето од врвот после оваа голема несреќа ги надополнуваат големите лавини, во една од нив губат дел од опремата. Многу ниската температура од околу – 50 степени, следена со леден ветар, уште на врвот предизвикала смрзнатини на лицето и на рацете.
Поради големата исцрпеност, тимот изгубил многу време и бил принуден да остане на 7.400 метри. Следниот ден продолжиле до кампот 4, каде се реализира и контакт со Здравко Дејановиќ кој известува „сите членови имаат некакви повреди, психички и физички, а тој самиот има смрзнатини на рацете, но се чуствува добро“.
Здравко Дејановиќ на ден 27.03.2015 година во 01.30 часот (по локално време) пристигна во базниот камп каде со хелихоптер со другите членови, треба да биде превезен до болницата во Катманду,Непал.
Ова е огромен успех за македонското планинарство. Здравко Дејановиќ со ова стана прв и единствен Македонец кој до сега има искачено три врва над 8000 метра, а со ланското искачување на К2 и овогодишното на Аннапурна 1, како и со претходно искачениот Монт Еверест, до денес е нашиот најуспешен ХИМАЛАЕЦ, чии успеси полека влегуваат и како врвни, светски достигнувања во Хималаизмот.

Share This:

Scroll to Top