ПОВИК ТУРНО СКИ КУП ШАРПЛАНИНА 2025

Датум:

Сабота 11.01.2025.год

Недела 12.01.2025.год

Локација:

Попова Шапка

 

Организатор:

ФПСМ Планинарски клуб „Кораб“ - Скопје

Настани:

Сабота 11.01.2025.

Натпревар во турно скијање дисциплина - спринт

Недела  12.01.2025.

Натпревар во турно скијање дисиплина - поединечно

Леден шанк Хотел Скардус

Програма:

Сабота 11.01.2025. Категорија СПРИНТ

  • 10:30 собирање на учесниците кај ски лифтот Г (Ајдучка рамнина)
  •  10:30-11:30  подигање на стартните броеви
  • 12:00– СТАРТ на натпреварот во категорија - спринт
  • 14:30 – прогласување на резултатите во хотел Скардус
  • 14:30 – 15:30  леден бар хотел Скардус

 

Недела 12.01.2025. Категорија ТУРНО ПОЕДИНЕЧНО

  • 8:30 собирање на учесниците кај хотел Скардус
  • 08:30-09:30  подигање на стартните броеви
  • 10:00– СТАРТ на натпреварот во категорија – поединечно
  • 14:30 прогласување на резултатите во хотел Скардус
  • 10:00 - 16:00  леден бар хотел Скардус

 

Право на учество во турноски купот на Македонија:

Платена членарина на ФПСМ за 2024 / 2025. год. (платената членарина за 2024 ќе важи)

Учесници кои не се членови на ФПСМ учествуваат во натпреварот, но не се бодуваат во Турноски купот на Македонија.

Пријавување: 

Најдоцна до 09.01.2025 година.

Котизација 600 ден. (Котизацијата важи за двете трки)

Уплата со цел на дознака: Котизација за ТСН

ФЕДЕРАЦИЈА ЗА ПЛАНИНАРСТВО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Ж.С-ка: 300 000 000 754 114
Комерцијална банка - АД Скопје

ПОПОЛНИ ЈА ПРИЈАВАТА

ТРАСА:

Сабота 11.01.2025.год. – категорија – спринт

  • Старт – стартната  станица ски лифтот Г (Ајдучка рамнина)
  • Цел – стартната  станица ски лифтот Г (Ајдучка рамнина)
  • Вкупен успон 100 м

Недела 12.01.2025.год. – категорија – поединечно

  • Старт – Хотел Скардус
  • Цел – Хотел Скардус
  • Вкупно искачување 900 м

Натпреварувачите  мора да ја следат означената патека и да ги следат упатствата на контролите, во спротивно ќе бидат казнети со зголемување на времето или дисквалификација.

Трасата е означена на следниов начин:

  • Зелени знаменца – качување со скии
  • Жолти знаменца – Качување пешки со скиите на ранец
  • Црвени знаменца – Скијање

Натпреварот се одржува според правилата на меѓународната федерација ISMF

ПРАВИЛА НА НАТПРЕВАРОТ

КАТЕГОРИИ

  • Јуниори  - 19 година и помлади (пократка стаза)
  • Сениори 20-50 години
  • Ветерани 50 години  и постари

Стартот за за сите натпреварувачи е во исто време

Победник  е оној кој најбрзо ќе ја заврши планираната и означената патека

Натпреварувачите мора да ја користат следната опрема за време на натпреварот:

  • турно  скии (должина: мажи мин. 160 см, жени мин. 150 см),
  • турно чевли,
  • стапчиња
  • кожи за качување
  • ранец
  • заштитна кацига (UIAA или CE)
  • прибор за прва помош
  • лавинска сонда
  • лавинска лопата
  • лавински примопредавател
  • соодветна облека во зависност од временските услови

Во текот на целиот натпревар натпреварувачот мора да го носи стартниот број на левата надколеница и на ранецот

На патеката ќе има контролни точки

Натпреварувачите мора да се пријават од спортски и безбедносни причини

Дисквалификации и пенали се доделуваат во следниве случаи:

  • за секое парче опрема што недостасува на контролната точка или целната линија (3 минути)
  • прифаќање помош од придружниците (опрема, храна ...) за време на натпреварот (5 мин до дисквалификација)
  • фрлање опрема или отпад (5 минути до дисквалификација),
  • непочитување на знаци и насоки (5 минути до дисквалификација),
  • неспортско однесување (3 минути до дисквалификација)
  • непријавување на контролното место(дисквалификација)
  • непочитување на безбедносни мерки на контролни точки (дисквалификација)

Организаторот на натпреварувањето го задржува правото да ги промени правилата, доколку тоа е неопходно за да се овозможи поголема безбедност на натпреварувачите.

Кога натпреварувачот ќе се пријави, тој ја презема целата одговорност за себе за какви било несреќи што може да се случат пред , за време и по натпреварот. Организаторот не е одговорен за ова.

Во случај на неповолен снег или временски услови, организаторот го задржува правото да ја промени рутата или локацијата на натпреварот, да го откаже натпреварот или да го одложи за друг термин.

ПРИЈАТЕЛИ НА ТУРНОСКИ КУП ШАРПЛАНИНА 2025

 

 

 

 

СТАЗА ЗА ТУРНО СКИ НАТПРЕВАР ПОЕДИНЕЧНО

Share This:

Scroll to Top