ТИТОВ ВРВ SKY RACE 2024

Трката која е светла точка на нашиот спорт, трката која го започна она денеска што го уживавме, чистиот и возбудлив Скајранинг!
Овогодинешното издание на највисоката трка во Македонија, Titov Vrv SkyRace помина беспрекорно, мотивациски, движечки.
Рекордот на Дејан Ангелоски кој беше неверојатно дело од 2:19, денеска беше подобрен за цели 8 минути. Нашиот гостин Ерик Мартин Нилсон од Шведска успеа да ја истрча стазата за 2:11.
Елена Ртоска го помести македонскиот скајранинг на елитно ниво. Нејзиниот нов женски рекорд на стазата денеска изнесува 2:58, кој беше доволен не само за убедливо прво место во женска категорија, туку и за 8мо место во целокупен пласман. Второ пласирана во женска категорија за оваа година беше Magdalena Wysocka, додека трето пласирана во севкупна категорија истрча Ивана Пекевска која успеа да си го подобри своео лично најдобро време за цели 20 минути што претставува значителен пораст во формата на Ивана. Четврта севкупно, а трета во национална конкуренција заврши Тања Велјановска.
Второ пласиран во севкупна категорија, а воедно од денеска и државен шампион за сезона 24′ во Скајранинг, беше секогаш инспиративниот Сашо Богојевски.
Третото место во севкупна категорија припадна на Johan David Sundstörm, додека во националното натпреварување како втор заврши Никола Илиевски, а трето пласиран беше Златко Карчески.
 

Share This:

Posted in Новости.