Известување до клубовите од направена посета на инспектори од Агенција за млади и спорт и Град Скопје

По основ направена посета на инспектори од Агенција за млади и спорт и Град Скопје, доставуваме како потсетување листа на приоритети кај спортските клубови при нивната работа кои треба итно да се корегираат.

1. Секој член во планинарските клубови, според Законот за спорт, треба да има:

– Пристапница, со основни податоци кои ќе бидат заштитени и ќе се користат само за внатрешна евиденција и потреба на клубот
– Потврда за направен медицински преглед според Законот за спорт и Правилникот за медицинска заштита ( https://www.fpsm.org.mk/wp-content/uploads/2021/04/unnamed-file.pdf )
– Осигурување од незгода

2. Организација на планинарски настан, тренинг тура, потребно е да:

– Достават известување до полиција
– Присуство на медицинско лице на настанот
– Планинарски водич и асистент
– Потребна опрема
– Листа на учесници од клубовите, со изјава дека учесниците се запознаени и способни за спроведување на активноста

Воедно сакаме да ве информираме
– по основ на Законот за спорт, член 3 и 10 од истиот, сите клубови се задолжени да извадат решение за дејност спорт, од Агенцијата за млади и спорт.
– здруженијата кои организираат настани на планина, а не се дел од Федерацијата, да им се помогне и се известат да го региулираат својот статус или да ја избришат дејноста на нивното работење ,,ПЛАНИНАРСТВО,, во спротивно инспекторите за спорт ќе делувале по основ на член 74 од казнениот дел на Законот за спорт, за направен прекршок на нерегулиран статус на здружението кое работи во областа на спортот.

Регионалните координатори на ФПСМ, периодов организираат средби преку интернет апликацијата ,,ZOOM,, со цел подобра координација и информирање на членството. Ве охрабруваме да земете учество како би се одговорило на вашите прашања и барања за спроведување на активностите на ФПСМ за 2023 година.

За сите други подетални информации, слободно контактирајте со канцеларијата на ФПСМ

Share This:

Scroll to Top