До сите планинарски Клубови-членки на ФПСМ
До сите планинари-членови на ФПСМ
Почитувани,
ФПСМ ќе има потреба од ангажирање на едно лице за платена повремена работа (part-time) во Канцеларијата на Федерацијата.
Заинтересираните кандидати да се јават во Канцеларијата и да достават кратко CV (име и презиме, година на раѓање, место на живеење, Клуб во кој членува, завршено образование, професија и позиција на работното место, возачка дозвола и сопствено возило, познавање на странски јазици и кои…).
Апликациите да се достават најдоцна до 10 февруари 2022 година на е-маил на ФПСМ.
Примените апликации ќе бидат разгледани и кандидатите ќе бидат повикани на интервју.
Канцеларија на ФПСМ