Младинска секција на планинарскиот клуб ЗПСК ШАРИ Гостивар составена од шест члена: Окан, Онур, Јусуф, Бесарт, Бесат и Елмедина, од 04 до 14 октомври 2021 година престојуваше во Кркларели, Република Турција.
Во рамките на проектот OBESTOP, поддржан од ERASMUS + програмата за образование, обуки, млади и спорт, беше одржана работилница OBECITY, каде што младинската секција Дрим Тим на ЗПСК ШАРИ од Гостивар, заедно со учесници од Италија, Шпанија, Унгарија, Србија и Турција, споделија свои искуства за влијанието на планинарењето врз исхраната и глобалниот проблем со угоеноста и дебелината.