ГЕНЕРАЛНО СОБРАНИЕ НА БАЛКАНСКАТА ПЛАНИНАРСКА АСОЦИЈАЦИЈА

На 8 октомври 2021 година, во Прага, Чешка Република, беше одржано Генералното Собрание на Балканската планинарска асоцијација.

БМУ официјално постои од 2009 година и се стреми за меѓусебна соработка, развој и промоција на планинарството и планинарските спортови во балканскиот регион.

На Собранието учествуваа претставници од земјата домаќин Чешка Република, од Албанија, Босна и Херцеговина, Грција, Северна Македонија, Црна Гора, Словенија и Турција. Претставници на ФПСМ, еден од оснивачите на БМУ, беа Проф. др. Јовица Угриновски, Претседател на ФПСМ, како и Катица Ацевска, уредничката на електронското списание www.bmumagazine.com 

Беа презентирани податоци за тековниот проект Еразмус + проект во кого учествува и ФПСМ. Беа договорени наредни активности: експедиција на Арарат во 2022, поблиска соработка на БМУ со ЕУМА, како и одржување на наредното Генерално Собрание во Скопје, на почетокот на мај 2022 година.

 

Share This:

Scroll to Top