Кои се планинарските водичи на ФПСМ?
Планинарските водичи на ФПСМ се обучени, имаат искуство, внимателни кон природата, дружељубиви и подготвени да го споделат своето искуство и знаење.
Доброволните планинарски водичи имаат повеќедецениска традиција. Првите обуки за водичи биле организирани во минатиот век.
Планинарските водичи се оспособени стручни работници во спортот, оспособени за планинарење во повеќе категории, чие занимање е дел од Националната класификација на дејности. Програмата на обуките за водичи во организација на ФПСМ се потврдени како од Министерството за образование и наука, така и од Меѓународната асоцијација на планинари и качувачи, УИАА.
Водичите се здружени во Комисијата за планинарски водичи при ФПСМ, која се грижи за образованието на водичите, како и за безбедно планинарење на сите учесници во планинарските акции. Планинарските водичи во ФПСМ ги почитуваат постојните правилници и акти на ФПСМ, вклучувајќи го и Кодексот на македонските планинари, документи кои се однесуваат на доброволното планинарско водење.
Како се станува планинарски водич?
Ако сакате да им ги откривате убавините на планините на другите луѓе, ако сакате да учите и своето знаење и искуство да го пренесувате на други, ако сте дружељубиви, тогаш вклучете се во планинарски клуб регистриран во ФПСМ. Ќе се запознаете со други истомислечки луѓе, ќе научите за безбедното планинарење, а ќе се запознаете со обврските и должностите на планинарските водичи.
Кога ќе станете планинарски водич, тоа е за цел живот – постојано ќе учите, ќе среќавате нови луѓе и ќе искачувате нови планини.