Во периодот од 11.09.2020 до 20.09.2020 год , во Орагнизација на Клубот за Планинарски Спортови Азот и под водство на планинарскиот водич Тодорче Ѓоргиев од Велес , се одржа акција за искачување на највисокиот врв во Република Турција , Арарат 5137 мнв. Во експедицијата учествуваа 15 планинари од различни клубови и градови од Македонија . Акцијата на планината започна на 13.09.2020 ,поделена на 4 етапи и со 2 базни кампови на 3250 мнв и 4200 . По успешно извршената аклиматизација , на 16.09.2020 во 07.00 часот сите 15 учесници на експедицијата се искачија на врвот , во услови на силен ветер и температура од минус 20 степени. Од 15 учесници на 14 ова им е прво искачување на Арарат, а на 10 за прв пат и на висина над 5000 м . Во експедицијата имаше и едно 16 годишно момче , една 70 годишна госпоѓа и еден брачен пар со што оваа експедиција ја прави многу поразлична од другите , како и фактот дека ова до сега е најбројна македонска експедиција на Арарат и со 100% излезност на врв .