EUMA – подобрување на доброто владеење во качувањето карпи и планинарењето во Европа

 In Новости

ФПСМ учествува во европскиот проект „EUMA – подобрување на доброто владеење во качувањето карпи и планинарењето во Европа“, поддржан од ЕУ програмата Erasmus+ која поддржува образование, обуки, млади и спорт во Европа.

ЕУМА (European Union of Mountaineering Associations) е гласот на европските планинари. ЕУМА се стреми да го вклучи планинарењето во приоритетите на Европската Унија како важен фактор за поквалитетен живот и да биде препознаена како партнер за дијалот на тема планинарење.ЕУМА (European Union of Mountaineering Associations) е гласот на европските планинари. ЕУМА се стреми да го вклучи планинарењето во приоритетите на Европската Унија како важен фактор за поквалитетен живот и да биде препознаена како партнер за дијалот на тема планинарење.
ФПСМ учествува во европскиот проект „EUMA – подобрување на доброто владеење во качувањето карпи и планинарењето во Европа“, поддржан од ЕУ програмата Erasmus+ која поддржува образование, обуки, млади и спорт во Европа. Проектот трае 3 години (од 2020 до 2022) и во него учествуваат пет национални планинарски сојузи, 2 европски планинарски асоцијации и еден Универзитет:1. Чешкиот планинарски сојуз (CUNI)2. Германскиот планинарски сојуз (DAV)3. Австрискиот планинарски сојуз (ÖAV)4. Федерацијата за планинарство на Северна Македонија (ФПСМ)5. Планинарскиот Сојуз на Словенија (PZS)6. Европска Унија на планинарски асоцијации (EUMA)7. Европската пешачка асоцијација (ERA)8. Карловиот Универзитет од Прага, Чешка Република.
Главна цел на проектот е одредување и имплементирање на принципи на добро владеење при пешачењето, планинарењето и качувањето карпи на ниво на ЕУ. Работата ќе биде организирана во три работни групи: за патеки, за планинарски домови и за качувачки локалитети, кои се идентификувани како основа на инфраструктурата за качување карпи и планинарење во Европа. За трите теми ќе бидат идентификувани проблеми, добри и лоши искуства и предлог решенија, а Карловиот Универзитет ќе направи анализа на регулативите и на институциите на ЕУ поврзани со планинарењето и качувањето карпи. Ќе биде изработена податочна база за потребите на ЕУМА и за јавна употреба, ќе се одржат обуки за претставниците од асоцијациите на ЕУМА за имплементација на нејзината стратегија и ќе биде изработена интернет страна со податоци за патеки, домови и качувачки локалитети.Креирањето врски меѓу ЕУМА и соработниците на проектот со Европската Унија е дел од ширењето на активностите во проектот. Проектните активности главно се фокусирани на мрежата на ЕУМА и со каскадирање на активностите, националните сојузи се вклучуваат во меѓусебната комуникација, во образование на своите членови и во создавање структура за носење одлуки, со што можат да изградат своја локална структура, да споделуваат информации и да ангажираат и други заинтересирани. Резултатите од проектот ќе бидат имплементирани не само во 23-те членки на ЕУМА, туку и пошироко, во другите земји на европскиот континент.

Share This:

Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search