На ден 06 август 2018 (четврток) во организатори: СОУ М. М. БРИЦО Делчево, Општина Делчево и ПСК ГОЛАК Делчево, 110 ученици, 7 професори, …се организираше планинарско – спортски фестивал.
Акцијата започна од Делчево до спортските терени на Голак со транспорт во автобуси, а продолжи со пешачење на учесниците кон Манастирот Св. Пантелејмон (1.508 м.н.в.), и преку врвот Мала Чавка (1.512 м.н.в.) кон Бун Чешма (1.460 м.н.в), Ловечка Куќа (1.455 м.н.в.) – Шумски пат (1.500 м.н.в.) се до Шумска Вила (1.400 м.н.в.) во вкупна должина од 5 км.
Спортскиот дел се состоеше од натпревари во кошарка и фудбал, а беа изведени и физички вежби. Во
ликовниот дел децата направија цртежи инспирирани од планината, природата и животната средина. Во
музичко-културниот дел децата пееја, играа традиционални ора, читаа текстови, кажуваа анегдоти, а
двајца DJ-и (од учениците) пуштаа популарна музика…
Повеќе ПРЕВЗЕМИ: mladinska-akcija-delcevo