Тргнувајќи од целите и определбите за развој на планинарството, Федерацијата на планинарски спортови на Македонија изразува целосна поддршка на напорите на нашите колеги од Планинарскиот спортски клуб „Пелистер“, за обнова на домот „Копанки“. Во оваа благородна мисија се вклучија голем број планинари, граѓани и стопански субјекти, што е редок, но блескав пример за пожртвуваност и одговорен однос на поединецот кон заедницата и обратно.
Со цел изградбата да продолжи непречено и со засилен интензитет, апелираме на масовно вклучување во нивната акција на сите субјекти, затоа што планинарскиот дом „Копанки“ е аголниот камен вграден во историјата на битолското и на македонското планинарство.
Воедно, апелираме да се надминат сите попречувања и недоразбирања и бараме да се покаже свесност за овој општополезен зафат на битолските планинари.
Федерација на планинарски спортови на Македонија