АЏИНА РЕКА 2018

ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА 25-тиот ЈУБИЛЕЈЕН ТРАДИЦИОНАЛЕН МАРШ АЏИНА РЕКА 2018

Почитувани планинари, љубители на природата и добронамерници,
Планинарското друштво ПСК Бистра Гостивар со голема чест и задоволство Ве поканува на 25-тиот традиционален марш АЏИНА РЕКА 2018

Настанот се одржува на ден 10.06.2018год (Недела).

ПРОГРАМА И ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАНОТ

• 06:00 часот – Тргнување од пред Општина Гостивар со организиран превоз од ПСК БИСТРА Гостивар
• 06:30 часот – Собирно место во село Маврови Анови со останатите планинарски друштва , по што се упатуваме кон Торбешки Мост
• 08:00 часот – Старт од Торбешки мост 1394м.н
• Највисока точка на искачување – 2063 м.н по изминати 11,05 км
• Должина на патеката – 26 км
• Крајна цел – село Долно Јеловце 1053 м.н
• Свечен ручек во село Долно Јеловце
• Патеката е во еден правец, за секое возило потребен е шофер кој истото ќе го врати на целта во Д.Јеловце до кој има асфалтен пат.
• Карактеристики на патеката – Средно тешка

НАПОМЕНА
• Дополнителни информации и пријавување на учесниците и планинарски друштва (за точна бројка на планинари) е најдоцна до 08.06.2018 год (Петок) на тел: 075 433 781 Бобан Нанчески
• За сите оние кои немаат организиран превоз, од Гостивар до стартна позиција и од Долно Јеловце до Гостивар -цена 400 мкд
• Сите учесници треба да се психофизички и кондиционо подготвени, секој учесник зема учество на сопствена одговорност и одговара за својата психофизичка подготвеност
• Секој учесник потребно е да има соодветна планинарска облека според најавата за временската прогноза, задолжителна планинарска опрема (планинарски обувки, стапчиња ), крема со заштитен фактор, капа, наочари…доволно храна и вода од ранец до ручекот во с.Д.Јеловце
• Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките од организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици
• Организаторот и водичите имаат право да исклучат учесник пред стартот на планинарската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната планинарска опрема за предвидената акција, доколку учесникот и покрај препораките одлучи да продолжи сам одговара за евентуалните последици .

Со почит
Претседател
Бобан Нанчески
ПСК Бистра Гостивар

Share This:

Scroll to Top