Почитувани планинарски водичи и кандидати за планинарски водичи,
Во текот на септември 2017 година се изведоа повеќе активности на отворено, како и активности за промоција на тие активности:
- По повод денот на независноста на Република Македонија, 8 Септември, планинари од Битола се искачија на Grossglockner (3798 м.), https://www.facebook.com/vlatko.krbaleski
- Изведени се неколку работни акции за поправка на планинарската кула на Титов Врв од страна на планинарското друштво од Тетово, ARGENTUS MOUNT, https://www.facebook.com/Planinarsko-Ekoloshko-Drushtvo-Argentus-mount-Tetovo-393007904225315/
- EВН Македонија постави сончев колектор и светилки на кулата на Титов Врв, http://karas4training.com/mk/news/osvetluvanjeto-na-kulata-na-titov-vrv
- По 7– ми пат во Прилеп се одржа ултра планинскиот маратон „Крали Марко треилс 2017“,http://kmt.mk/mk/pochetna/
- Излезе првиот број на ШУМ – магазин за сите љубители на спортските авантури, www.shum.mk ,https://www.facebook.com/ShumMagazin/?ref=br_rs
- Итн.
За жал, животот трагично го загуби Ивица Митровски, планинар и високогорец.
Комисијата за планинарски водичи ги поттикнува сите да ги споделуваат своите групни и лични планинарски активности на интернет страната или на FB профилот на Федерацијата за планинарски спортови на Македонија (ФПСМ).
При вашите планинарски активности обрнувајте големо внимание на безбедноста.