БЕЗБЕДНА ПОСЕТА НА ПЛАНИНИТЕ ВО ЗИМА

ЗА БЕЗБЕДНА ПОСЕТА НА ПЛАНИНИТЕ ВО ЗИМА
БИДЕТЕ ПОДГОТВЕНИ И ОДГОВОРНИ

Колку што посетата на планините во зимскиот период може да донесе радости и убави моменти, толку може да биде опасна, ако сте неподготвени и неодговорни.
 Во зима, никогаш не одите сами низ планините.
 Подгответе се за ниски температури, пократки денови, затворени планинарски домови, помал број луѓе низ планините, опасност од лавини, и секако, опасности од лизгање.
 За зимски акции потребни ви се добри зимски чевли, гамаши за заштита од снег, заштитна јакна од ветар и студ, топла долна облека, заштита од сонце, резервна облека, и доволно топли течности и храна.
 Почитувајте го правилото (кое не важи за акции со планинарски водичи): никогаш не одете по патеки и кон врвови по кои не сте оделе во суви услови. Во текот на зимата околината е променета, патеките и маркациите се покриени со снег.
 Задолжително носете цепин и дерези. Ако на нозете имате дерези, во рацете треба да имате цепин (планинарските стапчиња се прикачуваат на ранецот).
 Проверете дали се отворени планинарските куќи.
 Проверете ја временската прогноза за планината низ која ќе се движите.
 Известете ги своите блиски за текот на вашата планинарска акција.

МАТЕРИЈАЛ ПРЕВЗЕМИ: За безбедна посета на планините во зима

Share This:

Scroll to Top