Минатата недела се одржа продуктивна средба меѓу Федерацијата за планинарство на Северна Македонија, претставувана од Претседателот Зоран Читкушев, Потпретседаталот Петар Нолев, Секретарот Горан Тинтоски и Дирекцијата за заштита и спасување, претставувана од Директорот Џеват Селами, на која се разговараше за:
- Унапредување на безбедноста на планините преку постоечките капацитети
- Заеднички активности за заштита и спасување на населението и материјалните добра во планинските предели при елементарни непогоди, техничко-технолошки или останати несреќи.
Оваа соработка има за цел да обезбеди побезбедни услови за сите љубители на природата и планинарењето.
Заедно, чекориме кон посигурна и посилна заедница!