Состанок на работната група ДОМОВИ, во рамките на Еразмус + и ЕУМА

 На 11 – 12 октомври 2022 година, во Аљажевиот дом, во Триглавскиот Народен Парк, беше одржан состанок на работната група ДОМОВИ, во рамките на Еразмус + проектот „ЕУМА – подобрување на доброто владеење во качувањето карпи и планинарењето во Европа“. На состанокот присуствуваа Претседателот и Генералниот Секретар на ЕУМА, Роланд Штирле и Андреас Ашабер, Претседателот на Работната група Домови во рамките на проектот Ханспетер Маир (Германија), Живко Темелковски (ФПСМ), Миро Ержен (Словенија), Ладислав Ганчарчик (Словачка), Жан Мицка (Франција) и Каролине Винклмаир (Австрија). Средбата започна со заедничка посета на словенечкиот планинскиот Музеј во Мојстрана, а продолжи во работните простории на Аљажев дом со евалуација на работата во Работната група Домови од страна на Жан Мицка и со заедничка работа на Програмата за обуки, како и на Стратешкиот план за Домови. Заедно со германскиот, австрискиот, чешкиот и словенечкиот планинарски сојуз, со Карловиот Универзитет од Прага и со Европската пешачка асоцијација ЕРА, ФПСМ рамноправно учестува во проектот, во трите работни групи за Домови, Патеки и Качувачки локалитети. Финалните заклучоци на работата на работната група Домови ќе бидат објавени во декември 2022 во финалниот документ за статусот и перспективите на планинарските домови во Македонија.

Share This:

Scroll to Top