BMU

    На 18 октомври 2003 година, во Врање, Република Србија е потпишан Протоколот за соработка, развој и промоција на планинарењето и планинарските спортови на Балканот меѓу четири планинарски огранизации на Македонија, Бугарија, Србија и Црна Гора.

    Балканската планинарска унија (Balkan Mountaineering Union - BMU) е формирана на 17 октомври 2009 година, на планината Бјелашница, во Босна и Херцеговина, со присуство на шест балкански земји (Босна и Херцеговина, Турција, Србија, Македонија, Црна Гора и Хрватска како посматрач). Прв Претседател на Унијата беше Проф. Д-р Јовица Угриновски, еден од иницијаторите за формирање на БМУ.

    Денеска во БМУ членуваат 11 планинарски асоцијации од: Босна и Херцеговина, Турција, Србија, Македонија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Грција, Албанија, Бугарија и Чешката Република).

    БМУ е еден од основачите на ЕУМА.

    БМУ има своја електронска публикација BMU Magazine, и многу активности. Скоро секоја година организира експедиции на високи врвови (Арарат, Мон Блан), се организираат натпревари во планинска ориентација и спортско качување, младински кампови, се избираат најдобри планински фотографии на годината.

    На линкот https://www.mountain-huts.net/ објавен на интернет страната на БМУ се наоѓаат информации за стотина планинарски објекти во сите балкански земји.

    Во раководството на БМУ (април 2022) се: Martin Šolar, Претседател, Dragan Bulatović, Генерален секретар и членовите Јовица Угриновски, Ermin Lipović и Andrej Ivošev.

    https://www.bmumagazine.com

    Share This:

    Scroll to Top