Планинарење – Прирачник – Лето
Прирачник за планинари, качувачи и алпинисти. Референтен учебник за водичи и инструктори. Во четирите модули во прирачникот: Основи, Планинарење, Качување и Алпинизам, се прикажани прифатени техники за летни активности што треба да се научат и да се совладаат преку соодветен технички тренинг под надзор на инструктор.
Број на страници: 402
Автор: УИАА и Фондацијата ПЕЦЛ
Цена: 800 денари за членови на планинарски клубови регистрирани во ФПСМ, 1200 денари во книжарници и онлајн продажба.
Медицинско санитарен прирачник за алпинисти и планинари
Прирачник за медицински и санитарен аспект на алпинизмот и качувањето. Превентива, начин на спречување на несакани повреди и заболување, како и начин на лекување.
Број на страници: 135
Автор: Проф. д-р Јовица Угриновски
Цена: 150 денари
Брошура Безбедно движење низ планина
Збир на текстови за безбедно движење низ планина во летни и зимски услови, Кодекс на македонските планинари
Број на страници: 38
Автор: ФПСМ
Цена: 150 денари