1.Во јануари и февруари 2019 година беа изведени три ЗИМСКИ ШКОЛИ (на 13 и 27 јануари на Попова Шапка и на 3 февруари на Пониква).Присуството на околу 300 планинари на Зимските школи покажа дека има голем интерес за безбедно планинарење во зимски услови. ФПСМ изразува големо задоволство од одличната соработка на планинарските друштва и споделувањето на искуството на планинарските водичи од повеќе планинарски клубови регистрирани во ФПСМ: ПСД Макпетрол, ПК Македон, ПСК Скопска Црна Гора, ПК Кораб, ПК Шкупи, ПК Бистра и ВАК Анапурна од Скопје, ПК Јелак и ПК Тетекс од Тетово, ЗПСК Козјак 2013 од Куманово, ПК Осогово од Кочани, ПК Чеплес од Велес, ПК Гњилане од Косово.Беа обработени планинарските теми: движење низ снег и употреба на планинарски стапчиња, движење со цепин, дерези и дрезги, изработка на зимско засолниште и зимски камп со шатори, снежен профил, употреба на лавинска опрема, презентација на зимска планинарска облека и опрема, спречување на падови при движење во наврска.
2. Активни беа и Регионалните координатори на Комисијата за планинарски водичи при ФПСМ.a. На 22.02.2019 Регионалниот координатор за Југоисточна Македонија, Љупчо Чучуковски во соработка со ЗПСК КОЖУФ Гевгелија пред 110 ученици извел три предавања од областа на планинарството (почетни чекори во планинарството, безбедност и опасности во планина, ориентација во планина, литература за планина, облека и опрема, прва помош) во основните училишта во Гевгелија, Богданци и Стојаково: ООУ КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ од Гевгелија, СОУ БОГДАНЦИ од Богданци и ООУ КИРИЛ И МЕТОДИЈ од Стојаково.b. На 22.02.2019 година Регионалниот координатор за Западна Македонија, Александар Стојановски во Тетово, имал средба со планинарските водичи од Тетово и Гостивар. На средбата било разговарано на теми важни за работата на планинарските водичи, изведбата на акциите во зимски услови и други тековни работи.
Љупчо Чучуковски во Гевгелија, Валандово и Стојаково
Александар Стојановски на средба на планинарските водичи од Тетово и Гостивар