Представниците на Комисијата за Екологија заедно со представниците на Битолските планинарски клубови направија средба со директорот на НП Пелистер г-дин Осман Шукриу. На средабта е разговарано за соработката на ФПСМ и планинарските клубови од Битола за прашања од екологијата поврзани со отпадот, отпадните води и загадување на изворите на вода на територијата на националниот парк. Изразен е интерес за заедничко решавање на овие проблеми и наскоро потпишување на меморандум за соработка од страна на ФПСМ и НП Пелистер.