Состанок на Претседателството на ФПСМ

Заклучоци: Состанок Претседателството на ФПСМ

Претседателот на Федерацијата на планинарски спортови на Македонија Проф. Д-р. Јовица Угриновски, свика состанок на Претседателството во проширен состав, со членови на Комисиите за водичи и високогорство и експедиции при ФПСМ, на ден 27.12.2016 година (вторник) со почеток во 13 часот во просториите на Федерацијата со единствена точка на Дневен ред,

 

– Случувањата на Попова Шапка, викендот 17 и 18. декември 2016 година.

Друштвото за планинарски спортови ТРАНСВЕРЗАЛЕЦ –Скопје на ден 18.12 2016 година ја организираше акцијата зимско искачување на Титов врв на Шар Планина. Почетокот на акцијата закажан за 6,30 часот пред планинарскиот дом Смрека.

На ден 17.12.2016 год. на патеката кон Титов врв на седлото помеѓу Бакардан и Титов врв се случија две незгоди.

Првата, околу 13,00 часот, поради повреда, девојка е евакуирана со хелихоптер. Информацијата е од полициската станица на Попова Шапка.

Втората незгода се случила околу 24,00 часот.

Група од четири планинари во 19,45 часот, самоиницијативно го напуштиле планинарскиот дом Смрека и се упатиле кон Титов врв, со цел да направат зимско ноќно искачување со преспивање во кулата на Титов врв.

Групата и акцијата, ноќно искачување на Титов врв, не е организирана од ДПС Трансверзалец-Скопје.

На состанокот се донесе следниот Заклучок:

I. Настаните на 17.12.2016 година (сабота) не се повзани со организираната акција на ДПС. Трансверзалец, бидејќи се случиле ден пред организираното традиционално Зимско искачување на Титов Врв.

ФПСМ ги осудува неодговорните групи и индивидуалци, кои надвор од каква било организирана форма на настани на планина, водат неискусни, неопремени, неедуцирани планинари во опасни и зимски услови.

Однесувањето на оваа група е неодговорнo и надвор од правилата за безбедно планинарење во зимски услови.

ФПСМ им одава признание на Единицата за специјални задачи при МВР на РМ за благовремено и соодветно решавање на спасувачката акција.     

Share This:

Scroll to Top