Спортското планинарско друштво “ПРОБИШТИП” по повод 28-ми Август Денот на рударите, по 13ти пат ја организираше планинарска тура ,,РУДАРСКА ПАТЕКА” – а под покровителство на рудниците “Злетово” и “Тораница” Компанијата БУЛМАК 2016 ДООЕЛ.
На турата свое учество имаа 50 планинари од неколку спортски клубови. Покрај домаќинот СПД ПРОБИШТИП, учествуваа и КОЗЈАК 2013 од Куманово, ЛИСЕЦ од Штип и КАЛИН КАМЕН од Крива Паланка.
Патеката беше со должина од 26 км, со елевација од 1.105 м. и во времетраење од 10 часа.
„Рударска патека“ или „Патеката на рударите“ е рекреативна планинарска патека посветена на првите рудари кои работеле во рудникот „Добрево“. Работната сила за експлоатација на рудата од рудникот била „црпена“ од околните планински села, луѓето од поблиските села, кои секојдневно оделе по два три часа до своето работно место во рудникот во еден правец и после исцрпувачката физичка работа се враќале повторно по истиот пат во своите домови.
„Патеката на рударите“ претставува изразување почит кон тешката егзистенција на сите овие храбри луѓе од минатото кои ги поставиле темелите и го започнале индустрискиот развој на градот Пробиштип.