Почитувани,
За потребите на Федерација за планинарство со подршка на „Министерство за животна средина и просторно планирање (https://www.moepp.gov.mk/), изработен е регистар за планинарски патеки на територијата на Република Северна Македонија. Заинтересираните клубови и членки на ФПСМ на овој начин ќе можат да ја попполнат електронска форма за планинарска патека и на тој начин да влезат во регистерот на планински патеки. Пополнетите податоци за патеката по разгледувањето на КПП (Комисија за планинарски патеки на ФПСМ) ќе бидат понатаму проследени до МЖСПП и по добивање на позитивно решение, патеките ќе бидат објавени на веб страната на ФПСМ како патеки сертифицирани од МЖСПП. Сертифицираните патеки - односно домаќините на патеките ќе имаат можност за вклучување во различни проекти, како и финансиска помош при нивно означување и обновување.
Се надеваме дека на овој начин ќе ја подобриме состојбата на планинарските патеки и ќе ги направиме полесно достапни и побезбедни за сите корисници.
Подржано од:
Министерство за животна средина
и просторно планирање