РЕГИОНАЛНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ФПСМ И FBAK

Како дел од регионалната соработка со планинарските асоцијации од регионот, претставници на ФПСМ, предводени од Проф. Д-р. Јовица Угриновски, Претседателот на ФПСМ, беа во посета на Косовската планинарска и качувачка федерација (FBAK) во Приштина, Косово.

Теми на разговор беа начините за подобрување на соработката меѓу двете асоцијации и планинарските асоцијации од поширокиот регион вклучувајќи:

  • Соработка меѓу планинарските клубови/друштва.
  • Соработка во прекугранични и регионални проекти со учество и на планинарските асоцијации од Албанија и Црна Гора.
  • Обележување на планинарски патеки.
  • Организирање обуки за безбедно планинарење.

 ФПСМ од Косовската планинарска и качувачка федерација доби 50 примероци од УИАА прирачникот ПЛАНИНСКИ ВЕШТИНИ: ЛЕТО.

Share This:

Scroll to Top