Реакција на ФПСМ за забраната за движење во шума

 In Новости

До
Г-ин. Трајан Димковски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанствo
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Почитуван Г-ин. Министер,

Федерацијата за планинарство на Северна Македонија (ФПСМ), е крајно изненадена и разочарана од вашата избрзана, необмислена и нерационална одлука целосно да се забрани движењето на граѓаните во природа и во шумите кои се национално богатство и им припаѓаат на сите граѓани.
Причината која е наведена за донесување на ваквата одлука е крајно нерационална со оглед дека месец април и мај се највлажните месеци во годината, а на повеќето планини сеуште има снег.
ФПСМ и Клубовите-членки, стриктно ги подржуваат и практицираат мерките на Владата и Министерството за здравство, за индивидуална и колективна заштита од КОВИД 19, а доказ за тоа е што досега нема пријавено ниедно прекршување на овие препораки ниту од Клуб ниту од поединец-планинар.
Ние и понатаму ќе ги почитуваме сите мерки кои се препорачани и кои се во прилог на зачувување на здравјето,имотот и националните богатства.
Планинарите, како заљубеници во природара, шумите и планините се први кои се грижат и ги чуваат овие природни убавини и богатства.
Од таму, Вашата одлука да се забрани секакво движење во природа од наведените причини е:
– Прво, избрзана, неоправдана и нерационална не само од аспект на причините што Вие ги наведувате,туку и од здравствен аспект, поготово во услови во кои нашата земја и целиот свет се наоѓа.
– Второ, го суспендира основното човеково право на слободно движење и уживање на својата сопственост.
– Трето, ваква одлука е без преседан и досега не е спроведена во ниедна земја во светот.
Се надеваме дека ова наше укажување сериозно ќе го земете во предвид и ќе ја преиспитате Вашата одлука за добробит на сите граѓани, сите планинари, сите заљубеници на природата и особено во полза на нашето национално богатство и природни убавини.
Со почит,
Претседателство на ФПСМ
Проф. Др. Јовица Угриновски, претседател на ФПСМ

Share This:

Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search