ПС Азот од Велес на АРАРАТ 5137

 In Новости

Во периодот од 11.09.2020 до 20.09.2020 год , во Орагнизација на Клубот за Планинарски Спортови Азот и под водство на планинарскиот водич Тодорче Ѓоргиев од Велес , се одржа акција за искачување на највисокиот врв во Република Турција , Арарат 5137 мнв. Во експедицијата учествуваа 15 планинари од различни клубови и градови од Македонија . Акцијата на планината започна на 13.09.2020 ,поделена на 4 етапи и со 2 базни кампови на 3250 мнв и 4200 . По  успешно извршената аклиматизација , на 16.09.2020 во 07.00 часот сите 15 учесници на експедицијата се искачија на врвот , во услови на силен ветер и температура од минус 20 степени. Од 15 учесници на 14 ова им е прво искачување на Арарат,  а на 10 за прв пат и на висина над 5000 м . Во експедицијата имаше и едно 16 годишно момче , една 70 годишна госпоѓа и еден брачен пар со што оваа експедиција ја прави многу поразлична од другите , како и фактот дека ова до сега е најбројна македонска експедиција на Арарат и со 100% излезност на врв .

Share This:

Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search