На 28.01.2018 (недела), ПСД ГОЛАК Делчево прослави 4 години од официјално постоење. По тој повод, веќе традиционално, била организирана планинарска акција до манастирот Св.Пантелејмон 1508 м.н.в. кој се наоѓа на врвот Мала Чавка, во вкупна должина од 5 км. На акцијата учествувале вкупно 40 планинари. После завршување на планинарската акција, во шумската вила Голак (1400 м.н.), биле доделени признанија, како и диплома за најдобар планинар во 2017 година. Во ПСД ГОЛАК Делчево се примиени не само нови членови од Делчево, туку и од Берово и од Велес.
Во прилог е изјава за делчевскиот портал ДЕЛЧЕВО365 (линк: delcevo365.mk – ПСД „ГОЛАК“ ОДБЕЛЕЖА 4 ГОДИНИ ОД СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ )
Честитки до ПСД ГОЛАК од Делчево.