ПРОЛЕТНИ СОСТАНОЦИ НА УИАА И ГОДИШНИ СОБРАНИЈА НА ЕУМА И БМУ ВО СКОПЈЕ 28.04 – 03.05.2022

Во 2019 година, Федерацијата за планинарство на Северна Македонија (ФПСМ) ја доби честа да ги организира состаноците на управните органи на меѓународна Федерација за качување и планинарење (UIAA). Поради пандемијата, во март 2020, подготовките за органзирање на состаноците беа прекинати, но поканата на ФПСМ до УИАА остана отворена. Во 2021 година, ФПСМ упати покана до Европската Унија на планинарски асоцијации (EUMA) и до Балканската планинарска унија (BMU) за одржување на нивните Годишни Собранија во Скопје, заедно со пролетните состаноци на УИАА. Конечно, и во февруари 2022 година, сите три организации го потврдија своето учество во живо во Скопје, и подготовките, под раководство на тим од ФПСМ, продолжија не за една, туку за три организации. Во Скопје и низ Македонија, беа организирани:

  • Пролетните состаноци на раководните структури на УИАА, од 28 април до 3 мај, на кои учествуваа 43 учесници од цел свет, вклучувајќи учесници од Канада, Индија, Аргентина, САД, Иран, Израел, од скоро сите европски држави, итн. На состаноците учествуваа Претседатели, членови на Извршните Одбори и на Раководните комитети, како и членови на Комисии на УИАА.
  • Годишното Собрание на ЕУМА, на 30 април, на кое учествуваа 55 учесници од 23 земји цела Европа, вклучувајќи учесници од Норвешка, Португалија, Кипар, Велика Британија, Грција, Италија, Унгарија, Белгија, Албанија, Германија, Бугарија, Словенија итн.
  • Годишно Собрание на БМУ, на 29 април, на кое учествуваа 22 учесници од 11 балкански земји и Чехија.
  • Работилница за одржливо планинарење и качување на 30 април, на која учествуваа поголем дел од учесниците на настаните, а со свои усни презентации за своите планинарски искуства учестуваа: Питер Мјир, Ингрид Хајек, Жан Мицка, Мрика Никчи.
  • Спортскиот настан за планинарски објекти во склоп на ЕУМА Еразмус + проектот за унапредување на планинарењето и качувањето карпи во Европа, од 1 до 2 мај 2022, на кој учествуваа 30 учесници од 15 европски држави при што беа посетени 3 планинарски домови (Матка, Водно, 6 Чешми). Во текот на двата дена, беа одржани презентации на податоците собрани со Еразмус + проектот, за состојбата на планинарските објекти во повеќе европски земји, за влијанието на климатските промени врз планинарските објекти, беа презентирани решенија за водоснабдување на планинарските објекти, итн.
  • На 1 мај беа организирани активности на отворено, качување карпи и планинарење во околината на Демир Капија, како и планинарење на Водно. Дел од учесниците, го запознаа Скопје со помош на туристички водичи со поддршка на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, а дел од учесниците, самостојно, ги посетија Стоби, Кратово, Куклици, Охрид.

Вкупно, на настаните, учествуваа повеќе од 100 делегати од цел свет. На покана од ФПСМ, на дел од настаните учествуваа и претставници од ФПСМ, Македонската спортско качувачка федерација и Македонската алпинистичка федерација.

ФПСМ упатува голема благодарност до доброволците од ФПСМ, како и до останатите поддржувачи (МОК, Тиквеш, Пела Роса, Кораб Трница, МИК Свети Николе и други).

ФПСМ се покажа како сериозна организација, партнер и добар домаќин за што сведочат коментарите и пофалбите од делегатите присутни на состаноците.

3

Image 4 of 13

Share This:

Scroll to Top