ПРИЈАВА ЗА ОДНЕСУВАЊЕ НА ПЛАНИНАРСКИ ВОДИЧ ПРИ ФПСМ

Почитувани,

 

ПРИЈАВА ЗА ОДНЕСУВАЊЕ НА ПЛАНИНАРСКИ ВОДИЧ ПРИ ФПСМ

 

Согласно тековниот Правилник за Планинарски водичи при ФПСМ (Член 3), обврска на Планинарскиот водич е: „Да се грижи за подготовка на планинарските акции и за сигурна, стручна и содржајна изведба на водичката дејност“.

 

Поради зачестените усни пријави и коментари на социјалните мрежи за однесување на регистрирани планинарски водичи и за организација на планинарски акции кои се под капата на ФПСМ, Комисијата за планинарски водичи при ФПСМ (КПВ), го воведува документот ПРИЈАВА ЗА ОДНЕСУВАЊЕ НА ПЛАНИНАРСКИ ВОДИЧ ПРИ ФПСМ (прикачен).

 

Учесник на планинарска акција организирана од планинарско друштво / клуб регистрирано во ФПСМ може да пријави несоодветно однесување на Планинарски водич и / или назначен водич на планинарската акција.

 

Документот ќе има контролна функција врз однесувањето на Планинарските водичи и врз назначените водичи на планинарски акции (во име на планинарското друштво / клуб).

 

  • Пријавата треба да биде поднесена до ФПСМ.
  • КПВ ќе ја разгледа Пријавата и ќе донесе одлука.
  • Следните нивоа на одлука по Пријавата се Центарот за стручно образование при ФПСМ (ЦСО), Претседателство на ФПСМ / Суд на честа при ФПСМ.

    Во прилог е пријавата.

ПРИЈАВА за однесување на Планинарски водич регистрирани во ФПСМ

Share This:

Scroll to Top