За пофалба е однесувањето на планинарите и рекреативците во досегашниот период и нивното почитување на ограничувањата воведени поради пандемијата.
Државните органи започнаа со постепено олабавување на ограничувањата при што се овозможени одредени спортски активности.
Препораки на Комисијата за планинарски водичи при ФПСМ за активности на планина во наредниот период.
· Се препорачува организирање на планинарски акции со најмногу 5 учесници (вклучително и планинарскиот водич).
· Планинарските акции да бидат по лесни патеки без снег, без да се доведат во опасност учесниците на акцијата, но и при евентуална несреќа, и спасителите.
· Планинарскиот водич, односно организаторот на планинската акција, да има список со учесници со контакт информации.
· Да се избегнува групен транспорт и при транспортот со возила да се употребуваат заштитни средства.
· Пријавените кои не се чувствуваат добро и имаат температура, задолжително да останат дома за да се спречи потенцијалното ширење на вирусот.
· Да се почитува растојанието меѓу учесниците при движење од 5 метри.
· Во ранецот да носат маска за нос и уста или марама, гумени ракавици и средство за дезинфекција.
o Задолжителна е употреба на маска за нос и уста и гумени ракавици при давање помош на учесниците.
· Да се избегнува ракување, прегрнување, пиење од заедничко шише и поделба на храна.
· Поради ерозија (снег, мраз, промена на температурата) можно е оштетување на планинарските патеки и зголемена е опасноста од излизгување, паѓање на камења и гранки. Се замолуваат учесниците на планинарските акции да бидат внимателни и да пријават оштетувања на планинарски патеки во планинарските клубови.