ПО ЕВРОПСКИ ТЕРК 500 УЧЕСНИЦИ ВО ПРИРОДА ВО ДЕЛЧЕВО

 In Новости

ПО ЕВРОПСКИ ТЕРК

500 УЧЕСНИЦИ НА ГОЛЕМATA СРЕДНОШКОЛСКО МЛАДИНСКИ AКЦИЈА ВО ПРИРОДА ВО ДЕЛЧЕВО

На 20.09.2018 (четврток) во заедничка акција на М. М. БРИЦО, Општина Делчево и ПСК ГОЛАК од Делчево
реализиравме еднодневна акција во природа со 500 учесници (учениците и професори) од средното општинско
училиште М. М. БРИЦО од Делчево. Веќе вторпат, а сега побројно, на акцијата учествуваа сите ученици од прва до
четврта година, нивните професори, како и директорот на училиштето и претставници од Општина Делчево.
Акцијата имаше цел меѓусебно запознавање на учесниците низ активности во природа: планинарење и други
спортски, ликовни и музички активности.
Изведовме планинарска акција по патеката: Делчево (СОУ М.М.БРИЦО) 590 м.н.в. – Јунузов Рид (Култуко) 630
м.н.в. – Село Ѕвегор 660 м.н.в. – Манастир Св.Илија 815 м.н.в.кој се наоѓа на планината Влаина. Патеката е во
вкупна должина од 10 км.во обата правци. Во дворот на манастирот Св.Илија им беше презентирано поставување
на шатори, вреќи за спиење, облека и опрема за логорување, како и начин на логорување и престој во планина.
– Во спортскиот дел беа направени екипи за влечење на јаже и за скокање со јаже, при што најдобрите ги
следуваше награда.
– Во ликовниот дел неколку талентирани ученици нацртаа прекрасни слики инспирирани од планината,
природата, животната средина, екологијата. За најдобрите следуваше награда.
– Во музичкиот дел талентирани ученици се претставија со музички изведби. Исто така, за најдобрите следуваа
награди.

Мене како планинарски водич ме радува што полека се востановува начин на работа со младите за што изразувам
благодарност до градоначалникот на Општина Делчево – Горан Трајковски, директорот на СОУ М.М.БРИЦО –
Љупчо Прачковски и до професорот Слободан (Цобе) Илиевски. Изразувам благодарност и до професори (над
60) од училиштето, како и до претставниците од Општина Делчево, вклучувајќи го Ванчо Новоселски и до
Полицијата во Делчево која го обезбедуваше настанот.
Досега одржаните кампови веќе побудија интерес и во Берово, и се надевам дека и други училишта и чинители ќе
сватат колку се благодарни активностите со младите во природа.

Ние продолжуваме понатаму и ќе се потрудиме акциите да станат традиционални.

ПРЕВЗЕМИ po-evropski-terk-vtor-akcija-vo-priroda-so-mladi-vo-delcevo

Автор: Љупчо Чучуковски, регистриран планинарски водич при ФПСМ

Видео од настанот: https://www.facebook.com/delcevo365.mk/videos/2061278757256355/UzpfSTEwMDAwNzgwMDEzMDIzMzozMDYwNjExMjk0OTk0MTQ6MTA6MDoxNTM4Mzc3MTk5Ojc4Mjc4OTM1MTcwNjIyMzMzOTA/

Share This:

Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search