Новости

НОВОСТИ

  • ЧЕСТИТКИ за искачувањето на Дамаванд, Иран July 27, 2018
    ЧЕСТИТКИ Македонска експедиција составена од четворица планинари – Иван Трпков, Александар Ивановски, Пеце Караболов и Боби Цветков од ПСК Димитар Илиевски Мурато од Битола, на ден 24 јули, успешно го искачија врвот Дамаванд (5671 м.н.в) во Иран, кој е и највисок вулкански врв на Евроазискиот континент.
  • ЧЕСТИТКИ за Александар Кирковски, Мон Блан за 9 часа и 58 минути July 25, 2018
    ЧЕСТИТКИ за Александар Кирковски, кој на 23.07.2018 година, реализираше соло брзинско искачување на највисокиот алпски врв Мон Блан 4.810 мнв, од потешката и подолга италијанска страна, за 9 часа и 58 минути.
  • МЕДЕНИЦА – Меморијален марш Сњежана Тројачанец June 18, 2018
    Планинарското друштво АГРОНОМ при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, во чест на Сњежана Тројачанец, поранешен претседател на ПД Агроном, организира планинарски марш кој ќе се одржи на ден 24 Јуни 2018 година (недела),на планината Бистра, од селото Галичник до врвот Меденица. Меденица е највисокиот врв на планината ...
  • МЕМОРИЈАЛЕН МАРШ “МАРКО ИЛИЕВСКИ” June 18, 2018
    П О К А Н А ЗА 27-ми МЕМОРИЈАЛЕН МАРШ “МАРКО ИЛИЕВСКИ” ШАР ПЛАНИНА ЗА НАЦИОНАЛЕН ПАРК На 24. јуни. 2018 година, Недела, ПК Тетекс по 27-ми пат го организира Меморијалниот марш “Марко Илиевски” во спомен и сеќавање на нашиот спортски работник и планинар. По тој повод Ве покануваме да земете учество ...
  • АЏИНА РЕКА 2018 June 5, 2018
    ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА 25-тиот ЈУБИЛЕЈЕН ТРАДИЦИОНАЛЕН МАРШ АЏИНА РЕКА 2018 Почитувани планинари, љубители на природата и добронамерници, Планинарското друштво ПСК Бистра Гостивар со голема чест и задоволство Ве поканува на 25-тиот традиционален марш АЏИНА РЕКА 2018 Настанот се одржува на ден 10.06.2018год (Недела). ПРОГРАМА И ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАСТАНОТ • 06:00 часот – Тргнување ...
  • Огражден 2018 и 3-то коло планинарска ориентација June 5, 2018
    ПАОКлуб “ЕНТУЗИЈАСТ”-Струмица на ден 09.06 – 10.06.2017.(Сабота-Недела) го организира традиционалниот пролетен марш “Огражден 2018” на падините на планината Огражден и Ве покануваме на истиот со следната маршута: Сабота 09.06.2017 год. Собир и тргнување 09 часот Стар Сувилак-Пилана ,преку Безгаштево до Петлец- Малишевските планини(местото каде на 17.12.1906г. е убиен Даме Груев),1352 м.н.в. ...

Share This:

Scroll to Top