ПД АГРОНОМ при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, со поддршка на ФПСМ, на ден 22 Јуни 2019 година (сабота), на планината Бистра, од селото Галичник до врвот Меденица ќе го организира планинарско меморијалниот марш Сњежана Тројачанец.
Меденица е највисокиот врв на планината Бистра, од кој со поглед се опфаќа голем дел од западната планинарска трансферзала, вклучувајќи го Кораб на северозапад, Мавровското езеро на север , врвовите Сандакташ, Веливрв и остатокот од Бистра на исток, Лазарополе, Соколица на југоисток, а по нив Стогово, тука е и планината Дешат, а кон југ убаво се гледа Дебарското езеро.
ПРОГРАМ
8:00 часот пристугнување на друштвата/клубовите и нивно пријавување на влезот во селото Галичник 1350 м.н.в.
8:30 Поздравен говор и поаѓање на колоната
11:30 Пристигнување на колоната на врвот Меденицаи 2163 м.н.в … минути за спомени, слики…
12:30 По протоколарниот дел учесниците се упатуваат назад кон селото Галичник.
14:30 По пристигнување во селото Галичник ќе бидат доделени благодарници и ќе се прогласат најмладиот и најстариот учесник на маршот со што ќе се затвори манифестацијата .
Турата не е тешка, но сепак бара доволно подготвеност и кондиција. Патеката е долга вкупно 10 км во двата правци. Сите учесници треба да се физички кондиционо подготвени, со себе треба да понесат доволно количество вода и храна, според своите потреби. Вода за пиење има само на стартот во селото Галичник. Потребно е учесниците со себе да понесат опрема за заштита на телото од сонце и дожд и добро разгазени обувки. Доколку се увиди дека некој од учесниците не е соодветно опремен/подготвен, можно е да добие препорака од водичите да не учествува во маршот.
Доколку и покрај препораките, учесникот самостојно одлучи да го продолжи маршот, сам одговара за евентуалните последици од несоодветната подготвеност.
Секој учесник самостојно и на своја одговорност одлучува за учество на маршот.
Задолжително да се почитуваат дисциплината и препораките на планинарските водичи на групата
Задолжително пријавување преку доставена листа на учесници од планинарските клубови (доставена во клубовите од организаторот) со назначен водич на својата група.
Организаторот го задржува правото за промена на турата поради различни причини.
Со оглед на фактот дека турата се организира во рамките на Националниот Парк Маврово, сите учесници се должни да платат влезница во износ од 30 денари, пожелно преку водичите на групите.
Планинарската акција е дел од настанот „ПОДОБРО Е ДА ПЛАНИНАРАМ – МЕДЕНИЦА 2019“ е организиран како промоција на Виа Динарика патеката, како една од можностите за развој на планинскиот туризам и едукација на млади планинари, а e подржано од страна на USAID преку CEP (Civic Engagement Project).