Федерацијата за планинарство на Северна Македонија, светскиот ден на планината, оваа година го одбележа на 10.12.2023 год. (недела) на планината Плачковица и планинарскиот дом Вртешка, во организација на ДПС Лисец, на која учествуваа над 700 планинари.
Беа искачени врвовите Туртел 1.607 м. и Црквиште 1.700 м., преку црква св. Спиридон до пл. дом Вртешка, планинарска патека во должина од 14 км, со попатни паузи и забава на точката ПСС, каде домаќините подготвија топол чај и мал подарок за секој учесник.
Свечениот настан се одржа во планинарскиот дом Вртешка, каде се доделија годишните награди и признанија, окрепување со телешка чорба и одлична музичка забава, за која што беа задолжени ,,Arre brothers band,,.
Честитки до домаќинот ДПС Лисец за одличната организација, а резултатот од ваквата масовност со многу задоволните и насмеани лица, ќе биде сериозен предизвик за новиот домаќин следната година.
Благодарност за топлината и посветеноста на сите волонтери што помогнаа во реализација на настанот.