Mладинската Комисија на UIAA, во партнерство со Руската Планинарска Федерација, Федерација на Планинарски Спортови на Македонија и Македонската Спортска и Качувачка Федерација организираат младински планинарски фестивал и интернационален качувачки час, кој ќе се одржи од 24-ти до 31-ви август во Демир Капија, Република Македонија.
Настанот е отворен за млади од 13 до 25+ години. На настанот ќе има качување на карпи, пешачење, натпреварување, планинарење, еколошки и културни активности и многу други можности за развивање на пријателството.
Учеството на натпреварот “Rock Climbing Class А” е дозволено на тимови со двајца учесници и со добро искуство во качување на повеќе должински насоки.
Тимови од учесниците кои немаат добро искуство во качување на повеќе должински насоки, имат можност да участвуват во натпреварот “Rock Climbing Class B” и ке качуват отредени насоки со горнo осигурување.
Натпреварите вклучуваат 3 дисциплини
1) „Multipich marathon“
2) Техничко качување по карпа
3) Водство
Најдобрите се одредуваат со збиротот од 3-те дисциплини
Забелешка: Учесниците на возраст под 18 години мора да бидат придружувани од возрастен водач на клубот или од родители. Малолетните учесници задолжително треба да имат дозвола за учество од родител/старател.
Сите полнолетни учесници сами се одговорни за својата безбедност, за што ке го потврдат со писмена изјава.
Сите учесници мора да имат осигурување од несрека во качување.
Покрај натпреварите, се планира и програма со рекреативни планинарски прошетки по околина на Демир Капиja и посети на туристички обjекти како:
Врв “Просек”
Пештерата “Бела Вода”
Гранитни езера “Тепли Вирови” (р.Дошница)
Долината на кактуси и старата традиционална македонска црква во село Клисура
Езерото “Тиквеш”
Винарии и музеj Демир Капија
Програма на фестивалот:
24-ти август
* Пристигнување, регистрација и сместување на учесниците
* 10:30 – 18:30 регистрација за учесниците на натпреварите и работа на Комисијата за прием, Семинар за судии;
* 18:30 – 19:30 Состанок на жирито со претставниците на тимовите;
*20:00 Вечера за добредојде и церемонија на отворање;
25-ти август
* 08:00 – 18:00 – Натпревари во качување на карпа
* Предавања за почетници за качување и за употреба на TRAD опрема;
* Слободно време, качување или прошетка низ околината на Демир Капија
26-ти август
* 08:00 – 18:00 – Натпревар во качување карпи
* Предавања за качување на карпи за почетници и искачување на врвот Просек
27-ти август
* 08:00 – 18:00 Натпревар во качување на карпи
* Слободно време за качување или пешачење / екскурзија;
28-ми август
* 08:00 – 18:00 Натпревар во качување карпи
* Слободно време за качување или пешачење / екскурзија;
29-ти август
* 07:00 – 19:00 Натпревар во качување карпи
* Слободно време за качување или пешачење / екскурзија;
30-ти август
* 10:00 – 12:00 – Сумирање на резултатите од натпреварите, анализи на жалби;
* 12:00 – 14:00 – Средба на судиите со претставниците на тимовите;За другите учесници:
*10:00-13:30 – Прошетка до музејот и посета на најстарата винарија на Балканскиот Полуостров
* 14:00 – Доделување на наградите на победниците
* затварање на натпреварите
* вечера
31-ви август
* Заминување
Ве молиме да имате во предвид дека се можни измени на програмата во зависност од искуството на учесниците, бројот на тимовите, временските услови и вашите желби.
За понатамошни и подетални информации, контактирајте го Александар Кленов на: rockclimber.expert@gmail.com