ПЛАНИНАРИ И КАЧУВАЧИ НА КАРПИ ОД ЦЕЛ СВЕТ СЕ ОБЕДИНИЈА ВО СКОПЈЕ

Од 29 април до 3 мај, Скопје, стана центар на планинарењето и качувањето карпи во Европа и светот со одржувањето на Пролетните состаноци на УИАА (International Climbing and Mountaineering Federation (UIAA). Тоа беше прва средба на членовите на УИАА во живо од почетокот на Ковид-19 пандемијата.

Дополнително, во истиот период се одржаа и Генерални собранија на Европската Унија на планинарски асоцијации ЕУМА (European Union of Mountaineering Associations EUMA) и на Балканската планинарска Унија (BMU).

За прв пат од постоењето на трите организации (УИАА, ЕУМА и БМУ), во организација на Планинарската федерација на Македонија,  (ФПСМ) беа одржани состаноци и Генерални собранија на едно место и во исто време, што овозможи запознавање на луѓето и многубројни заеднички средби и можности за соработка.

Повеќе детали во информацијата од УИАА објавена на линкот: https://theuiaa.org/uiaa/mountaineering-world-unites-in-skopje/

Share This:

Scroll to Top