Одржано годишно Собрание на ФПСМ на кое што присуствуваа делегати или нивни заменици од планинарските клубови- членки на Федерацијата.
Претседателот Зоран Читкушев, ги презентираше реализираните проекти за периодот меѓу двете годишни Собранија.
Им посакавме и добредојде на новите планинарски клубови во големото семејство.
Заедно разменивме идеи, донесовме важни одлуки и поставивме планови за иднината.
Им благодариме на сите делегати за присуството. Вашата посветеност и активност се клучни за успехот на нашата Федерација.
Соработката на сите полиња е неминовна и истата ќе биде секогаш поддржана!