За сите планинарки и планинари!!!
Нови изданија на ФПСМ: „Медицинско санитарен прирачник за алпинисти и планинари“ и брошура „Безбедно движење низ планина“.
Купете ги обете изданија заедно за 300 денари.
Со сигурни чекори низ планините.
МЕДИЦИНСКО САНИТАРЕН ПРИРАЧНИК ЗА АЛПИНИСТИ И ПЛАНИНАРИ
Прирачникот е напишан од Проф. Др. Јовица Угриновски
На 135 страни во Прирачникот има детални информации за разни типови повреди, реанимација и потребната санитетска опрема. Ќе прочитате информации за алергии, труења, каснувања од инсекти и змии и висинска болест. Ќе се запознаете со потребните хигиенски мерки во тек на планинарски марш, со контролата на здравствената состојба и со потребната психичка подготвеност. Ќе прочитате за транспорт, облека и исхрана, за средства за дезинфекција и завои, логорување и бивак.
ЗА БЕЗБЕДНО ДВИЖЕЊЕ НИЗ ПЛАНИНА
Брошурата е збир на основните документи, препораки и упатства за безбедно планинарење. Во неа ќе го најдете Кодексот на честа на македонските планинари. Ќе прочитате информации за безбедно движење на терени со и без снег и за препорачаниот број на учесници на акција. Ќе се запознаете со одговорностите и должностите и на учесниците и на водичите на акциите. Ќе прочитате како се употребуваат мобилните телефони и радио станици на планина, како и за потребната лична санитетска опрема на планина. Ќе се запознаете со типовите планинарски патеки, носењето соодветна опрема по нив, како и со предностите од зачленувањето во планинарските клубови.