Напатствија и мерките на заштита од Претседателството на ФПСМ од КОВИД-19

До
Клубовите – членки на ФПСМ

 

Почитувани,

Како што веќе сте информирани преку медиумите, Владата укина поголем дел од рестрикциите во врска со заштита од пандемијата. Иако рестрикциите попуштија,тоа во ниеден случај не треба да се сфати дека опасноста од ширењето на инфекцијата не постои или е намалена, туку напротив, се очекува поголем број на оболени и инфицирани од КОВИД-19. Оваа опасност треба да се сфати сериозно и во таа насока треба да го информирате Вашето членство да ги почитува мерките на заштита.

Кон препораките кои се дадени од Владата и Министерството за здравство, Претседателството на ФПСМ ги дава следните напатствија:
1. Клубовите своите активности (состаноци, предавања, едукации…) да ги организираат секогаш кога е тоа можно користејки он-лине можности, Вибер, СМС пораки и сл.

Воколку е неопходно да се одржи директен состанок, по можност тоа да биде на отворен простор и секогаш да се одржува безбедна дистанца и заштита со маска.
На собирот да бидат присутни само неопходниот број членови.

2. Дозволено е организирање на планинарски тури, походи и маршеви со спазување на препорачаните мерки.

Препорака на Претседателството е да учесниците бидат поделени во групи од 20-25 планинари со обезбеден водич (или искусен планинар) во секоја група. Растојанието помеѓу групите треба да биде цца 50 м или 3 мин одење. Групите да имаат различити места на одмор на растојание од најмалку 10м и да се избегнува групирање на планинарите, односно да се држи безбедна дистанца. Не се советува заедничка употреба на вода, прибор или опрема. Да се избегнува престој во затворени простории (пл.домови, гостилници и сл) или да се ограничи бројот на планинари кои во исто време ќе престојуваат во затворениот простор. Во тек на престојот да се носат заштитни маски.
Пожелна е почеста дезинфекција на рацете или миење со проточна вода.

3. Дозволено е активирање на Планинарските домови со спазување на пропишаните услови.

Бидејќи Владата дозволи сите хотели, мотели, хостели и др. сместувачки објекти да можат да работат под строго определени услови/протоколи, нашите планинарски клубови кои стопанисуваат со планинарски домови, кои имаат сместувачки капацитети, исто така би требало да почнат да работат под строго определени услови/протоколи. Како пример, движење во просториите на планинарскиот дом со заштитна маска, држење на социјална дистанца од 1,5-2 м, одржување на лична хигиена со присуство на средства за дезинфекција на база на алкохол на повеке видни места во домот. Во поглед на ноќевањето, би се препорачало 50% од капацитетот да биде пополнет на тој начин што ќе се дозволи ноќевање односно пополнување на секој втор кревет, или мегу креветите да има пропишана дистанца. Бидејки повеке домови располагаат и се опремени со двоспратни кревети, може да се дозволи пополнување на двоспратните кревети на двете нивоа но мегу креветите да биде запазена пропишаната дистанца. Домовите кои располагаат со ресторани или простор за ручање, мегу масите мора да ја има пропишаната дистанца како и тоа на секоја маса да има средство за дезинфекција.

4. Логорување.

Поради ограничената кубатура на шаторското сместување, опасноста од инфекција е
десетоструко поголема! Препорака е да во еден шатор биде сместено едно лице.
Сместување на повеќе лица во еден шатор е дозволено само ако лицата живеат заедно (членови на едно семејство, цимери и сл.).
По употребата на шаторот истиот да биде добро проветрен и внатрешната страна да биде изложена на сонце најмалку 2 часа пред да биде спакуван.Тоа може да биде направено и по завршување на маршот.

Сватете ги препораките сериозно и однесувајте се одговорно.
Вие сте одговорни за сопственото здравје, здравјето на членовите на вашата фамилија и за здравјето на вашите другари.
Планините се тука и остануваат тука. За да можеме да ги уживаме, треба да бидеме здрави!

 

Претседател на ФПСМ
Проф.Д-р. Јовица Угриновски

 

Share This:

Scroll to Top