Почитувани,
Сите посетители на Националниот Парк Маврово, планинари, планинарски велосипедисти, скијачи и рекреативци низ планините, треба да платат надомест за влез во Националниот Парк од 30 денари по човек. Во границите на Националниот парк Маврово влегуваат патеките кон посетуваните врвови на корапскиот масив, како врвови на планината Бистра. Воедно, од интернет страната на НП Маврово може да се спуштат gpx записи од планинарски патеки во рамките на Националниот Парк.
Бидејќи работното време на НП некогаш не соодветствува со почетокот на планинарските, скијачките и велосипедските акции, надоместокот за влез во НП Маврово од 30 денари по човек може да се плати преку Интернет. Тоа може да се направи на следниот начин:
- преку веб страната на НП Маврово www.npmavrovo.mk
- Притиснете на БИЛЕТИ
- Притиснете на ВЛЕЗ ВО НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК – КУПИ
- Пополнете ги податоците (и број на билети).
- Притиснете на BUY NOW.
- Внесете ги податоците од платежната картичка и притиснете CONFIRM
- После уплатата НП Маврово ќе ги испрати билетите на саканата e-mail адреса.
ФПСМ ви посакува безбедно движење низ планините.