Награда Даре Џамбаз

 In Новости

До
Сите планинарски клубови
во Р. Македонија

Почитувани,

Врз основа на Правилникот за доделување на престижната награда „Даре Џамбаз„

Ве известуваме:

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, Ве известува дека традиционалниот планинарски настан ,,Светски ден на планината 2017,, ќе се одржи на ден, недела 10 декември 2017 год. – Матка.

Воедно ФПСМ, распишува отворен конкурс за доставување на предлози за доделување на престижната награда „Даре Џамбаз 2017„.

Предлозите за поединци или клубови за доделување на оваа награда, се доставуват до канцаларијата на ФПСМ најдоцна до 28 ноември (вторник) 2017 година.

Во апликацијата да се наведе:
– име, презиме и адреса на предложениот член или клуб;
– контакт адреса;
– кратка биографија;
– постигнати резултати во планинарските спортови;
– Образложение зошто се предлага неговата кандидатура;
– Точен назив и адреса на предлагачот – предлагачите.

Ве молиме бараните информации да се одговорат во целост, во спротивно нема да бидат разгледани од страна на претседателството на ФПСМ.

Програмата дополнително ќе ви биде испратена.

За подетални информации контактирајте со канцеларијата на ФПСМ.

Тел. 02 3165 540
070 350 342 Данка
070 777 043 Горан

Претседател на ФПСМ
Проф.Д-р. Јовица Угриновски

Share This:

Recent Posts
Contact Us

We're not around right now. But you can send us an email and we'll get back to you, asap.

Not readable? Change text.

Start typing and press Enter to search